Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетите и кадетките на Вардар ова коло гостуваат во Кичево и Виница
Кадетите и кадетките на Вардар ова коло гостуваат во Кичево и Виница

Кадетите и кадетките на Вардар ова коло гостуваат во Кичево и Виница

Младинските и пионерските лиги во машка и женска ракометна конкуренција веќе се завршени со одигрувањето на Ф4 турнирите. Единствени активни се ракометните надежи во кадетските конкуренции во земјава. Викендов во машката и женската ракометна кадетска лига, црвено-црните ги очекува по еден дуел, во двата дуели ние сме гости.

Момците на Адријана Будимир, кадетите на РК Вардар ова 13.коло во групата-3 во која се првопласирани ќе имаат гостински дуел. Тие гостуваат во Кичево кај екипата на РК Војнисон Вардар. Дуелот се игра задутре, недела, 13.мај со почеток во 12-00 часот во салата “Јанчица“-Кичево.

Kадетките на Вардар Јуниор предводени од Драгана Пецевска-Ристова ова коло како лидери на табелата гостуваат кај екипата која е “фенерџија“ во лигата тимот на Бошески Спорт. Тие својот натпревар ќе го одиграат утре, сабота, 12.мај во 11-30 часот.  Овој натпревар од 14.коло во кадетската женска група-2 ќе се игра во салата “Кап. Кирчо Димитриов“ во Виница.