Денес во салата во населбата Илинден се играше завршниот Ф4 турнир кај момците родени 2006 и 2007 година. По одигрувањето на истиот тимот на РК Бисинов дојде до титула, среброто е за РК Урдаревски Вардар, а бронзата му припадна на тимот на РК Драчево Вардар.
Во големото финале екипата на РК Бисинов Вардар од Велес дојде до златото, тие во најважниот дуел ја совладаа екипата на РК Урдаревски Вардар со резултат 16-8 (7-3). Први со гол дуелот го отворија момците од Велес, тие по 5.минути игра веќе имаа три гола позитива кога поведоа со 1-4. До крајот на првото полувреме се играше изедначен ракомет, двата тима постигнаа уште по два гола за резултат 3-6. Во последниот напад Бисинов погоди и го однесе дуелот на пауза со предност од 7-3 за нив.
Во почетните минути на двата гола на скопјани екипата од Велес одговори со двојно повеќе и поведе со 5-11, со овој резултат тие најавија победа и атак на златото. Противникот побара тајм-аут и се обиде да се консолидира пред последните минути од финалната пресметка. Сепак не успеаа во намерата, Бисинов го задржа водството и успеваше постепено да го зголемува. На крајот победија со осум гола позитива, 16-8. Со оваа победа тие дојдоа до злато во Јуниор Лига во оваа 3та сезона.
Во дуелот за “бронза“ на мегдан искочија екипите на РК Драчево и РК Ангели Вардар, по голема битка овој дуел заврши реми со резултат 7-7. По изведувањето на пеналите РК Драчево дојде до 3.место во оваа генерација. Дуелот почна со еден гол на двете страни за почетни 1-1. Се во првиот дел беше во знакот на “ремито“, на семафорот беше 2-2, па 3-3 и на крајот 4-4, резултат со кој се отиде на пауза.
Вториот дел почна со по еден гол и повторно резултатска симетрија видовме на семафорот во салата “Гоце Делчев“ во населбата Илинден каде што стоеше резултатот 5-5. Првпат еден тим успеаа да се одлепи со два последователни гола екипата на РК Драчево Вардар поведе со 7-5, но нивниот противник изнајде сили и врати со иста мерка за 7-7.
Со овој резултат се оконча дуелот. По изведувањето на пеналите екипата на РК Драчево дојде до “бронзениот медал“.