Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетското фудбалско дерби му припадна на Вардар, кој на домашен терен го победи Пелистер
Кадетското фудбалско дерби му припадна на Вардар, кој на домашен терен го победи Пелистер

Кадетското фудбалско дерби му припадна на Вардар, кој на домашен терен го победи Пелистер

Денес на теренот на Академијата се одигра кадетското фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Поуспешни беа црвено-црните, кои славеа со резултат од 3:0. Сите голови беа постигнати во првите 45 минути од мечот.

Вардар: Тимевски, Петковски, М.Младеновски, Димов, Радевски, Пешевски, А. Младеновски, Митревски, Мустафа,Игнатов, Омерагиќ.

Првиот удар го имаше екипата на Вардар, но тој заврши во рацете на противничкиот голман. Врати и екипата на Пелистер на спротивната страна и тоа со глава, но ударот оди покрај голот на Вардар. Првата голема прилика ја имаа црвено-црните и тоа преку Азер Омерагиќ, кој доби топка во противничкиот шеснаесетник, упати удар кој за малку заврши покрај голот на битолчани. Се обидеи гостинот со уште еден удар, кој го одбрани нашиот голман, Тимевски. Избраниците на Влатко Колев имаа иницијатива на теренот, се обидуваа да постигнат гол, но се уште резултатот беше непроменет. Обид имаше и Александар Младенвски, но остана без реализација, откако одбрани голманот на Пелистер. Сепак до крајот на првото полувреме успеваме да постигнеме три голови и да го решиме победникот на овој дерби дуел. За десет минути Вардар ја заврши работата. Најпрво во 35 минута, резултатот го отвори Леонид Игнатов, за водство од 1:0. Само пет минути подоцна, или во 40 минута од мечот, гол постигнува и Христијан Димов за зголемување на 2:0, додека на самиот истек на првиот дел, или во 45 минута во листата на стрелци се запиша и Азер Омерагиќ.

На денешниот дуел имавме само еден играч на клупата за резерви. Тоа беше Џемал Ибиши, кој влезе во игра во второто полувреме. Во вториот дел не видовме гол, Вардар имаше високо водство и контрола на резултатот и на крајот заслужено стигна до поебдата.