Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Злато за РК Бисинов по битката со РК Урдаревски, момците на РК Драчево Вардар “бронзени“ во генер.2006/07
Јуниор лига: Злато за РК Бисинов по битката со РК Урдаревски, момците на РК Драчево Вардар “бронзени“ во генер.2006/07

Јуниор лига: Злато за РК Бисинов по битката со РК Урдаревски, момците на РК Драчево Вардар “бронзени“ во генер.2006/07

Денес во салата во населбата Илинден се играше завршниот Ф4 турнир кај момците родени 2006 и 2007 година. По одигрувањето на истиот тимот на РК Бисинов дојде до титула, среброто е за РК Урдаревски Вардар, а бронзата му припадна на тимот на  РК Драчево Вардар.

1

Во големото финале екипата на РК Бисинов Вардар од Велес дојде до златото, тие во најважниот дуел ја совладаа екипата на РК Урдаревски Вардар со резултат 16-8 (7-3). Први со гол дуелот го отворија момците од Велес, тие по 5.минути игра веќе имаа три гола позитива кога поведоа со 1-4. До крајот на првото полувреме се играше изедначен ракомет, двата тима постигнаа уште по два гола за резултат 3-6. Во последниот напад Бисинов погоди и го однесе дуелот на пауза со предност од 7-3 за нив.

2 3

Во почетните минути на двата гола на скопјани екипата од Велес одговори со двојно повеќе и поведе со 5-11, со овој резултат тие најавија победа и атак на златото. Противникот побара тајм-аут и се обиде да се консолидира пред последните минути од финалната пресметка.  Сепак не успеаа во намерата, Бисинов го задржа водството и успеваше постепено да го зголемува. На крајот победија со осум гола позитива, 16-8. Со оваа победа тие дојдоа до злато во Јуниор Лига во оваа 3та сезона.

4

Во дуелот за “бронза“ на мегдан искочија екипите на РК Драчево и РК Ангели Вардар, по голема битка овој дуел заврши реми со резултат 7-7. По изведувањето на пеналите РК Драчево дојде до 3.место во оваа генерација. Дуелот почна со еден гол на двете страни за почетни 1-1. Се во првиот дел беше во знакот на “ремито“, на семафорот беше 2-2, па 3-3 и на крајот 4-4, резултат со кој се отиде на пауза.

6

Вториот дел почна со по еден гол и повторно резултатска симетрија видовме на семафорот во салата “Гоце Делчев“ во населбата Илинден каде што стоеше резултатот 5-5. Првпат еден тим успеаа да се одлепи со два последователни гола екипата на РК Драчево Вардар поведе со 7-5, но нивниот противник изнајде сили и врати со иста мерка за 7-7.

7

Со овој резултат се оконча дуелот. По изведувањето на пеналите екипата на РК Драчево дојде до “бронзениот медал“.