Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Лесни бодови за пионерите и помладите пионери на Вардар
Лесни бодови за пионерите и помладите пионери на Вардар

Лесни бодови за пионерите и помладите пионери на Вардар

Пионерите и помладите пионери на Вардар триумфално се враќаат од Битола откако и двете екипи денеска славеа победи над “зелените” oд Битола.

Повозрасните, пионерите на Вардар триумфираа со резултат 2:4 (2:1). Вардар натпреварот го одигра со следните играчи: Андов, Зендели, Рушити, Миленковски, Николов, Мирчевски, Спировски, Цури, Т.Мирчевски, Хасановиќ и В.Мирчевски.

Во еден многу возбудлив натпревар прв серијата на голови ја отвори Миленковски Христијан во 10. минута од дуелот за водство на Вардар. Одма потоа возврати со гол домаќинот за 1:1. Пред крајот на првиот дел домаќинот направи целосен пресврт и на полувреме замина со предност од 2:1. Во вториот дел, во 55. минута погоди Андоновски Филип за 2:2. Само три минути му беа потребни на истиот играч да зголеми на 2:3 и да го врати Вардар во предност. За конечни 2:4 и победа на Вардар се погрижи Хасановиќ Малик во 72. минута.

Помладите пионери на Вардар пак, рутинирано без многу проблеми го совладаа Пелистер со високи 0:4. Црвено-црните овој дуел го започнаа со: Величковски, Петејчук, Асани, Костовски, Радуловиќ-Величковиќ, Стојановски Х, Стојановски Г, Ѓорѓиевски, Салиу, Демири и Гугуљанов.

Во едно одлично издание за Вардарци, гол серијата ја започна Анатолиј Петејчук во 20. минута. Набргу, во 29. минута следуваше гол на Демири Муас за 0:2. Во вториот дел погодија уште и Фисник Салиу и Костовски Далибор за конечни 0:4.

- Честитки до двете екипи за победите денеска.