Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Кале Вардар и го одзема “тронот“ на РК Преспа во финалето на Јуниор лигата кај генер.2002/03, К.Вода Вардар “бронзена“
РК Кале Вардар и го одзема “тронот“ на РК Преспа во финалето на Јуниор лигата кај генер.2002/03, К.Вода Вардар “бронзена“

РК Кале Вардар и го одзема “тронот“ на РК Преспа во финалето на Јуниор лигата кај генер.2002/03, К.Вода Вардар “бронзена“

Денес се спушти завесата на 3-та сезона во Вардар Јуниор ракометната лига во ракомет организрана од Академијата на РК Вардар. Во последното финале кое се одигра во нас.Илинден-Скопје кај момците во генерација родени.2002/2003 екипата од Кичево, РК Кале Вардар го победи тимот кој ја бранеше титулата РК Преспа Вардар. До бронзата дојде екипата на Опш.Кисела Вода Вардар.

1

Во финалето по голема драма РК Кале Кичево го “декруниса“ тимот на РК Преспа Вардар од Ресен. Дуелот почна со почетни 1-1, потоа се играше гол за гол и постојано беше реми се до 4-4. Со два гола Кале се одлепи на 6-4, но момците од Ресен додадоа гас и успеаа да ја вратат резултатската симетрија изедначувајќи на 9-9 во продолжението. Шампионот во оваа генерација РК Преспа Вардар од Ресен со финална серија 3-1 успеа на полувреме да замина со два гола позитива на своето конто. На семафорот стоеше 10-12 за Преспа за време на паузата.

2 3

Вториот дел одлично го отвори екипата од Кичево тие влегоаа силно, на голот ја имаа расположената Драгана Маркоска која врза серија одбрани, а во нападот казнуваа. Сето тоа донесе серија 6-1 за нив по која го преземаа водството и поведоа со “плус три“, 16-13. Вистинско финале се одигра денес во Илинден двете екипи дадоа максимум на теренот, во последните 2 и пол минути влеговме со драматичен резултат 19-19. Двата тима беа блиску, но и далеку од златото во тој момент. Кичевчани се обида и успеаа да се одбанат во финишот, со два гола победија со 21-19. Кај победникот Стојчески даде 6 гола, а Венцоски 5, кај ресенчани Давид Арсовски даде 9 гола.

4

Во дуелот за “бронза“ екипата на Опш.Кисела Вода Вардар дојде до победа во мечот со РК Урдаревски Вардар со резултат 23-16 (12-8). По првата судиска свирка во атак тргна тимот на Кисела Вода, тие на почетокот успеаа да се оделпат на 0-3.  Нивниот противник изнајде сили и изедначи враќајќи со иста мерка на 3-3. Сепак следеше нова серија на Кисела Вода тие со серија 0-5, поведоа со високи 3-8. До крајот на првиот дел се играше игра гол за гол на двете страни. Па на одмор Кисела Вода замина со плус четити гола на контото, на семафорот стоеше 12-8.

5

Вториот дел почна со игра гол за гол двата тима отворија со по седум гола, екипата на Кисела Вода и понатака ја имаше предноста од полувремето овој пат со 15-19.  Во последните минути РК Урадаревски падна со ритамот па тоа умешно го кани нивниот ривал. Тие влегоа во серија постигнувајќи лесни голови, а одиграа добро во одбраната. Со финалната серија 4-1, Кисела Вода ја завери “бронзата„ со резултат 23-16.