Вардаровата генерација родени “2006“ година стигнаа до две нови победи, во рамките на денешното седмо коло од детската фудбалска лига. Избраниците на Сашо Јанев ги победија екипите на Албион и Метереор.
Вардар (1) го доби натпреварот против екипата на Албион, совладувајќи ја со резултат од 5:0. Откако Марко Николовски имаше голема прилика, чиј удар го одбрани голманот на Албион, тоа беше трета корна за противникот, што значеше и досуден пенал за црвено-црните. Истиот успешно го реализира Дарко Сековски. за водство на Вардар од 1:0. Нашите надежи беа далеку подобри на теренот, додека Албион беше отсечен на својата половина и безопасен кон голот на Данстак. Се обиде и Стефан Коловски, кој од слободен удар биеше над голот. Сепак истиов играч откако се ослободи од противничкиот голман, во следната прилика ја тресе противничката мрежа и зголеми на 2:0. Прв директен удар имаше и екипата на Албион, но одбрани нашиот голман, Андреј Данстак. Се обиде Вардар да постигне нов гол, откако топка нафрли Нуман, која стигна до Галевски, овој со глава бие покрај голот. До крајот на првиот дел за одбележување е обидот од прекин на Алији, но топката оди над голот. Првиот дел заврши со резултат 2:0.
Иста слика на теренот и во второто полувреме, Вардар беше тимот кој напаѓаше и сакаше да постигнува голови. Во листата на стрелци успева да се запише и Алтин Алији, кој го зголеми резултатот на 3:0. Прв гол на овој меч и Олег Трифуновски, кој му донесе сигурна предност на својот тим, погодувајќи за 4:0. Албион се обиде да постигне почесен гол, но не им успеа, имаа удар од прекин кој заврши покрај голот. “Петарда“ во мрежата на Албион и нов гол за крунисување на добрата игра, Марко Николовски се запиша во листата на стрелци и ги постави конечните 5:0 на овој дуел.
Вардар (2) исто така беше сигирен во денешното коло од детската лига. Тие ги победија врсниците од екипата на Метеор, со резултат 7:0. Голгетерски расположен на овој дуел беше Михаил Танчев, кој постигна четири гола. Токму со неговите два последователни погодоци, успеваме да поведеме со 2:0. Уште по првите 30 минути ја осигуравме победата, кога имавме предност од 5:0. Ниту дождливото време не претставуваше проблем за избраниците на Јанев да ја наполнат мрежата на Метеор. Прв гол на дуелот и за Никита Патаровски, кој зголеми на 3:0. Игравме добро и целосно го надиграме противникот, а стигна хет-трикот на Михаил Танчев, кој донесе водство од 4:0. До крајот на првиот дел, гол и за Олег Михајловски, кој го постави резултатотот од 5:0 по првиот дел.
И второто полувреме започна со гол на Михаил Танчев, за него четврти на овој меч, за резултат веќе од 6:0. Рутински го одработивме второто полувреме, во кое немаше големи шанси по двата гола. Вардар реализира уште една, преку Максим Митревски, кој погоди од пенал ( после направени три корни), за конечен резултат од 7:0.