Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардар го “прегази“ Пелистер во младинското фудбалско дерби
Вардар го “прегази“ Пелистер во младинското фудбалско дерби

Вардар го “прегази“ Пелистер во младинското фудбалско дерби

Младинците на ФК Вардар убедливо го добија дербито против екипата на Пелистер. Денес на теренот на Академијата, црвено-црните беа домаќини на битолчани, кои ги совладаа со резултат 6:1

Тренерот Раденко Бојовиќ стартуваше со следните 11-сетмина: Велковски, Џуклески, Наумчески, Серафимов, Ѓорѓиески, Јахја, Адем, Дишлиевски, Маркоски, Велковски, Тасев.

По првото полувреме уште ја осигуравме поебдата, кога имавме убедливо водство од 4:0. Голеадата на овој меч за отварање ја реултатот ја донесе Оливер Дишлиевски, кој му донесе предност на Вардар од 1:0 уште во 5 минута од дуелот. Црвено-црните имаа голем посед на топка и целосна доминација на овој дуел. Следните два гола на ова младинско дерби беа дело на Јахја Абдулхади. Најпрво во 17 минута играчот погоди за 2:0, за веќе во 24 минута со неговиот втор гол да го зголеми резултатот на 3:0. До крајот на првиот дел уште еден гол во мрежата на Пелистер, дело на Давид Велковски, кој со погодокот на 34 минута го зголеми водството на Вардар на 4:0.

Во вториот дел исто така го напаѓавме голот на противникот, како резултат на тоа дојдоа уште два нови гола во мрежата на Пелистер. Во листата на стрелци во 56 минута се запишува стоперот, Никола Серафимов за преност од 5:0. Следиме почесен гол и за гостите од Битола, кои смалуваат на 5:1. Конечниот резултат од 6:1 го постави Марко Тасев, во 89 минута.