Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за ФК Вардар генер. “2007“ во седмото коло од детската лига
Победа и пораз за ФК Вардар генер. “2007“ во седмото коло од детската лига

Победа и пораз за ФК Вардар генер. “2007“ во седмото коло од детската лига

Денес на терените на ФФМ седмото пролетно коло во детската фудбалска лига го одигра генерацијата на Вардар родени “2007“ година. Тие имаа половичен успех од една победа и пораз во ова коло.

Прв на теренот излезе Вардар (2), кој доживеа пораз во дуелот со екипата на Албион. На овој меч подобар беше противникот, кој славеше со резултат од 1:4. Првиот директен удар го имаше Вардар и тоа преку Емир Шаботиќ, но одбрани голманот на Албион. Противничкиот тим прв успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Врати Вардар со удр на Крстевски Марко, но резултатот остана непроменет. До крајот на првиот дел уште еден гол падна во нашата мрежа, за Албион да има предност од 0:2, по првите 25 минути.
Неизвесност во вториот дел, донесоа избраниците на Томче Трајановски, кога со голот од голема далечина на Никола Јовановски го намаливме резултатот на 1:2. Се обидуваше Вардар да го израмни резултатот, напаѓавме за нов погодок. Во прилика се најде и Томовски, но одбрани противничкиот голман, како и Михаил Јордановски, но немаше промена на резултатот. Поради три корни кои ги направивме, беше досуден пенал за Албион и тоа беше моментот за триумф на противникот. Успешно реализираа за 1:3, а до крајот на овој дуел постигнаа и нов гол, за конечниот резултат да биде 1:4.

Вардар (1) пак го доби својот натпревар, а за противник го имавме тимот на Фамос. Гледавме интересен и борбен меч, на кој на крајот славеа црвено-црните. Го отворивме први резултатот на овој натпревар и тоа со голот на Златко Радески, кој биеше прецизно во мрежата на Фамос, за почетно водство од 1:0. Од слободен удар се обиде Милош Спасовски кој бие над пречката од противничкиот гол. На денешниот дуел, на голот на Вардар беше еден од играчите, се работи за Кристијан Јаковчевски, поради неможноста на голот на биде Јован Спасовски. Токму после една нафрлена топка, истата заврши во рацете на нашиот голман. Сепак тимот на Фамос успеа да го израмни резултатот на 1:1. Гледавме натпревар со цврста игра на двете страни. Вардар беше подобар на теренот и се обиде да ја врати предноста, таква прилика имавме преку Марко Киш кој бие од некаде 15 метри покрај голот. На полувреме се замина со нерешен резултат од 1:1.

Голема шанса прва во второто полувреме ја имавме преку Александар Грашески кој од слободен удар биеше во пречката од голот на Фамос. Најубавиот гол на натпреварот го постигна Марко Киш, кој од половина терен биеше и ја погоди мрежата од голот на Фамос, за повторно да имаме водство од 2:1. Кратко траеше нашата радост, со оглед дека екипата на Фамос успева да постигне втор гол и да го израмни резултатот. Во последните пет минути, црвено-црните ја обеззбедија победата. Во противничкиот шеснаесетник соборен беше Керими, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Александар Грашески за трет пат на овој дуел да имаме предност (3:2). До крајот на мечот се обидоа уште Спасовски и Грашески, но во двата наврати одбрани голманот на Фамос. На крајот триумф за Вардар со резултат 3:2.