Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ФИНАЛЕ ЗА ВАРДАРКИ, ПАДНА РОСТОВ ДОН УТРЕ ГО НАПАЃАМЕ ВРВОТ НА ЕВРОПА
ФИНАЛЕ ЗА ВАРДАРКИ, ПАДНА РОСТОВ ДОН УТРЕ ГО НАПАЃАМЕ ВРВОТ НА ЕВРОПА

ФИНАЛЕ ЗА ВАРДАРКИ, ПАДНА РОСТОВ ДОН УТРЕ ГО НАПАЃАМЕ ВРВОТ НА ЕВРОПА

Вечерва во арената “Ласло Пап“ падна и Ростов Дон, за второ финале на ЖРК Вардар во Лигата на Шампионките. Нашите дами, вечерва се пласираа во двете најдобри екипи во Европа, нив утре ги чека Ѓер во дуелот за европска круна. Ние триумфиравме со резултат 25-19 (10-7).88

Русинките на почетокот влегоа добро во мечот кога отворија со погодок за 0-1 на стартот. Потоа следеаа минути на црвено-црните девојки, на голот блесна Лејно која нареди пет интервенции. Тоа донесе прилика за водство, со серија 4-0 се одлепивме на плус три. Со голот на Радичевиќ од крило во 8.минута поведовме со резултат 4-1. Ростов намали на 4-2 во 9.минута, потоа имаше голјетерски пост на двете страни во наредните седум минути ,кога преку Лекиќ од игра и Лакрабер од игра поведовме со 6-2. Се играше дуел со малку погодоци, сепак ние умно ги чувавме “четирите“ плус, па така со голот на Пенезиќ поведовме со 9-5 во 24.минута.  Ракометарките на Р.Дон успеаа да врзат два гола во серија и намалија на 9-7.  Сепак ние до крајот постигнавме уште еден гол па отидовме со “плус три“, 10-7 на одмор. Лајно дефинитивно го обележа мечот во првите 30.минути кога успеаа да собере дури 10 одбрани.

77

Вториот дел го отворија двата тима со по еден гол за почетни 11-8. Со два гола на на црвено-црните, преку Барбара Лазовиќ и Лекиќ отидовме првпат на плус пет. Ние поведовме со 13-8 по што клупата на Ростов Дон побара тајм-аут во обид да се консолидира. Противникот се одлучи по минутата одмор да ризикува, па тргнаа со 7 на 6 во нападот со цел да се вратат резултатски.  Отидовме и на шест плус, поведувајќи со 15-9 на овој дуел, сепак потоа следеа минути на русинките. Тие со серија 0-3 ја преполовија нашата предност и намалија на 15-12, по што Перондо и Дибирова побараа минута одмор.   Се играше гол за гол во продолжение, со резултат 18-15 односно повторно со три плус влеговме во последните 8.минути. На три минути до крајот влеговме со четири гола предност, што беше одличен капитал. На семафорот стоеше 22-18 за нас, противникот имаше пенал Суслина влезе од клупата и одбрани, тоа го награди Лекиќ со гол за 23-18. По ова се беше решено се знаеше патникот во финалето, тоа беше ВАРДАР.  Мечот заврши со резултат 25-19.

На голот белесна Лејно со неверојатни седумнаесет одбрани, најефикасни кај нас беа Пенезиќ и Лекиќ по седум гола, Радичевиќ заврши со четити погодоци.