Кружниот напаѓач на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ во вчерашното полуфинале со тимот на Ростов – Дон малку зачудувачки не постигна ниту еден погодок, но затоа тука беа нејзините колешки да ги надополнат нејзините голови. Пред денешното големо финале нашата Цвијиќ верува дека денеска е денот кога Вардар ќе го подигне трофејот.
“Да го добиеме Ѓер, ќе дадеме се од себе. Дојдовме овде да изгинеме една за друга, да играме два натпревари, а не за да мислиме дали ќе имаме сили или не. Денеска треба да биде наш ден и конечно тој трофеј да го донесеме дома“, рече Цвијиќ.