Вардар на завршниот турнир во Будимпешта го освои второто место, откако во финалето беше поразен од тимот на Ѓер. Амандин Лејно беше одлична на овој Ф4, како и во текот на целата натпреварувачка сезона. Популарната “Дуду“ имаше двоцифрен број на одбранети удари и на двата завршни натпревари и на крајот беше прогласена за МВП на Ф4 турнирот. Лејно со две одбрани се најде во ТОП-5 најдобри интервенции на завршниот турнир и тоа по една во дуелите со Ростов и Ѓер.
Видеото со најдобрите пет одбрани можете да го погледнете на линкот, ТУКА.