Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Самсоненко: За случајот Балотели сме на суд, не сакавме да си оди, но тој побара и го ослободивме, а на крај останавме и без играч и без пари
Самсоненко: За случајот Балотели сме на суд, не сакавме да си оди, но тој побара и го ослободивме, а на крај останавме и без играч и без пари

Самсоненко: За случајот Балотели сме на суд, не сакавме да си оди, но тој побара и го ослободивме, а на крај останавме и без играч и без пари

Меѓу другото, во интервјуто за Gol.mk рускиот бизнисмен и сопственик на Вардар Сергеј Самсоненкоговореше и за финансиското салдо на ФК Вардар, случајот со Балотели, жалење за заминувањето на Спировски и тн. Исто така Самсоненко потенцираше дека во ФК Вардар буџетот за следната сезона останува скоро ист. Значи, ФК Вардар и во иднина би имал буџет од околу 4 милиони евра. 

Какво е финансиското салдо, колку доби Вардар од изминатата година која беше најуспешна?

Оваа година единствено сме на „нула“, или евентуално мал плус во фудбалот, ако добиеме еден случај поради кој сме на суд. И тоа не зборувам за трошоците за инфраструктурата, туку за тековните трошоци. За случајот Балотели сме на суд. Не сакавме да си оди, но тој побара и го ослободивме. А, на крај останавме и без играч и без пари – 500.000 евра. Исто така, жалам и за Спировски. Но, кога играч веќе не сака да остане во Вардар, логично е да го ослободиме. Добивме премногу мала сума за него, а тој е одличен играч. И тоа важи не само со него, туку и за секој друг играч. Кај нас, за нешто повеќе од четири години што сум во Вардар, сите играчи што заминаа – не сме сакале да ги ослободиме така лесно. И присилно не сме избркале никого.

– Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.