Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Леонид Игнатов: Психолошката предност е на наша страна, бидејќи сме поквалитетен тим од противникот и тоа го докажавме во меѓусебните дуели
Леонид Игнатов: Психолошката предност е на наша страна, бидејќи сме поквалитетен тим од противникот и тоа го докажавме во меѓусебните дуели

Леонид Игнатов: Психолошката предност е на наша страна, бидејќи сме поквалитетен тим од противникот и тоа го докажавме во меѓусебните дуели

Утре со почеток од 17:00 часот на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид, пионерите на ФК Вардар го играат финалето во купот на Македонија, против екипата на Академија Пандев. Ова ќе биде шанса за оваа генерација на Вардар да стигне до првиот трофеј во оваа натпреварувачка сезона, со оглед дека шансите за титулата во првенството се изгубени. Во лигата одигравме три меѓусебни дуели со тимот од Струмица и на сите три триуфиравме.  Еден од адутите на тренерот Ѓорѓиески за ова финале е напаѓачот, Леонид Игнатов. Се работи за младо перспективно момче, кое е родено “2002“ година, а оваа цела сезона настапува за пионерите, кои се екипа составена од играчи родени “2001“ година. Лео доби шанса за настап во првите 11 и на дуелот на кадетите против Пелистер, на кој Игнатов постигна гол. За нашиот сајт, Леонид ги сподели очекувањата за големото финале во купот против А.Пандев.

-Очекувам дека ова ќе биде неизвесен и тежок натпревар. Иако ги победивме на трите утакмици во лигата, сепак овде нема фаворит, двете екипи ќе влеземе мотивирано за да го освоиме купот. Но сепак мислам дека психолошката предност е на наша страна бидејќи сме поквалитетен тим од противникот и тоа го докажавме во меѓусебните дуели. Бидејќи ги изгубивме шансите за титула во првенство се фокусиравме 100% на купот. Мислам дека целиот тим со самото играње во финале треба да биде мотивиран. Со оглед на тоа дека е финале, очекуваме тежок натпревар каде што нијанси ќе го одлучуваат победникот, а сепак мислам дека ние ќе победиме.

Звонко Ивановски