Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ВАРДАР ГО ПОБЕДИ ПРОЛЕТ И СЕ ПРОМОВИРА ВО СТАРО НОВ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА, ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ СТИГНАА ДО 12 ТИТУЛА ВО ПРВЕНСТВОТО
ВАРДАР ГО ПОБЕДИ ПРОЛЕТ И СЕ ПРОМОВИРА ВО СТАРО НОВ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА, ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ СТИГНАА ДО 12 ТИТУЛА ВО ПРВЕНСТВОТО

ВАРДАР ГО ПОБЕДИ ПРОЛЕТ И СЕ ПРОМОВИРА ВО СТАРО НОВ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА, ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ СТИГНАА ДО 12 ТИТУЛА ВО ПРВЕНСТВОТО

Екипата на РК Вардар успеа да ја одбрани и втората титула оваа сезона. Откако триумфираше во СЕХА-лигата, денес избраниците на Гонзалез се промовираа и во старо-нови освојувачи на првенството, со триумфот на домашен терен против екипата на Пролет. Мечот се одигра во големата сала на С.Ц. Јане Сандански, а го добија убедливо црвено-црните со резултат од 38:25.

Вардар имаше мали проблеми во првото полувреме да го скрши отпорот на противникот, иако во еден период изгледаше дека на одмор можеме да заминеме со солидна предност. Првите два гола за црвено-срните беа дело на Тимур Дибиров, но гостинската екипа враќаше на нашите погодоци, па дури и во 12 минута од мечот имаше и водство од најголеми три гола разлика (3:6) и тоа со серија од четири последователни голови во нашата мрежа. Во нападот стартувавме со Поповски Дибиров на крилните позиции, на пикер го имавме Стоилов, додека бековска линија ја сочинуваа Кристопанс, Македа и Циндриќ, а на голот започна Ѓорѓески. Откако одбрани младиот голман на Вардар, Кристопанс погоди за водство од 3:2, но во следните минути не успеавме да реализираме три напади, а Пролет врати со серија од 0:4, додека Стоилов немаше среќа кога ја погоди пречката. Сепак во наредните седум минути го видовме вистинскиот Вардар на теренот, кога направи серија од 8:0 и целосно успеа да го сврти резултатот во своја корист и да поведе со 11:6. Дури пет голови во овој период беа дело на Циндриќ од кои четири последователни, додека по еднаш погодија Поповски, Дибиров и Кањелас. Кога се мислеше дека го скршивме отпорот на гостите, следеше демант од нивна страна, кои успеаа да се вратат во игра барем во ова прво полувреме. Сврзаа гостите четири погодоци и намалија на 11:10, откако претходно Дибиров не успеа да реализира пенал и удар од изградена позиција. Вардар ја прекина серија на Пролет, кога погоди Стоилов од својата позиција, а после одземена топка во контра-напад погоди Шишкарев на асистенција од Циндриќ, за да имаме позитива од три гола (13:10). Се бореа избраниците на Матлиески, кои стигнаа повторно до еден гол негатива (13:12), а до истекот на првите 30 минути, нашиот шампион со серија од 3:1 на одмор замина со водство од 16:13.

vardar-i-teroretski-e-prvak-na-makedonija-16598

Фуриозно го стартувавме вториот дел и тоа преку нововлезениот Игор Карачиќ кој успеа да постигне два гола и да асистира до Фереира, за предност од 19:13. За да не биде брзо решен дуелот, Пролет врати со два гола во серија и намали на 19:15. Гостинот сепак немаше сили и понатаму да парира на нашиот состав, и со голот на Карачиќ од пенал стигнавме до највисоки шест голови разлика на овој дуел (23:17). Истава позитива ја имавме и во следните седум минути, кога резултатот на семафорот беше 26:20, додека со погодокот на Игор Карачиќ веќе имавме најголеми и недостижни осум голови предност (28:20). Ѓорѓески беше одличен на голот, а Шишкарев за прв пат на својот тим му донесе двоцифрено водство од 30:20. На крајот испадна и убедлив триумф, со конечен резултат од 38:25.

На едно коло пред крајот на првенството, Вардар има недостижна предност пред екипата на Металург, што значи дека последното коло, во кое црвено-црните ќе гостуваат во Автокоманда ќе нема никакво значење по конечниот редослед на табелата.