Со победата вечерва против екипата на Пролет, Вардар успеа на коло пред крајот да ја освои шампионската титула во првенството. Ова е вкупно 12-сета за црвено-црните во нивната богата историја, а четврта последователна во супер лигата. Медалите и трофеите за освоената супер лига им ги врачи, директорот на агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.
Вардар ја зголемува колекцијата на трофеи, а на добар пат е да го одбрани и трофејот во купот на Македонија, таа можност ќе ја има престојниов викенд кога се игра завршниот турнир во Битола.