Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар од денес ќе отвори “Книга на славните“ во која завршна порака до ракометарките ќе може да напише секој вардаров навивач
ЖРК Вардар од денес ќе отвори “Книга на славните“ во која завршна порака до ракометарките ќе може да напише секој вардаров навивач

ЖРК Вардар од денес ќе отвори “Книга на славните“ во која завршна порака до ракометарките ќе може да напише секој вардаров навивач

Полека се ближи крајот на генерацијата ракометарки, кои изминативе пет сезони го носеа дресот на ЖРК Вардар. Како што знаеме на крајот од сезоната екипата се распушта, а клубот во иднина ќе работи со млади ракометарки. Иминатиов викенд се одигра завршниот турнир во Будимпешта, кој беше последен за оваа екипа, на кој го освоивме сребрениот медал. Вардар е единствениот тим во Лигата на Шампионите, кој успеа петта последователна година да се најде на Ф4 турнирот. На три пати го освојувавме бронзениот медал, додека последните две сезони бевме вицешампиони на Европа. Тешко им падна разделбата на самите играчи, како и на навивачите кои се уште не се свесни дека од следната сезона нема да ги гледаат своите миленички и идоли во Вардар. За таа цел од клубот ќе отворат “Книга на славните“, во која секој ќе може да се потпише и да напише завршна порака за играчите кои последниве пет години го оставаа срцето на терен и успешно го претставуваа клубот и Македонија во Европа. Останува уште малку до крајот на сезоната, во која вардарки треба да го одиграат завршниот турнир во Купот, како и преостанатите три меча во супер лигата.

“Книгата на славните“ ќе биде отворена од денес па се до недела, кога секој може да напише порака како знак на благодарност за ракометарките, а тоа може да се стори во периодот од 10-22 часот во фан шопот на Вардар, кој се наоѓа во склоп на С.Ц. Јане Сандански.