Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Суслина: Мојата голема љубов траеше 26 години, дојде време да ставам крај на кариерата
Суслина: Мојата голема љубов траеше 26 години, дојде време да ставам крај на кариерата

Суслина: Мојата голема љубов траеше 26 години, дојде време да ставам крај на кариерата

Ина Суслина на 39 годишна возраст реши да стави крај на својата играчка кариера и во иднина да се посвети на приватниот живот. Таа беше првата ракометарка која го засили амбициозниот проект на ЖРК Вардар и која беше најдолго во клубот, ова за неа е последната шестта сезона во црвено-црниот дрес. Со Вардар пет пати по ред играше на завршниот турнир во ЛШ, на кои освои три бронзени и два сребрени медали. Таа е цели 26 години во ракометот и реши веќе дека е време да стави крај на богатата играчка кариера. На својот инстаграм профил, Суслина во кратки црти ја прераскажа својата кариера, истакнувајќи дека дошло време да се пензионира.

-Толку е, ја завршив мојата ракометна кариера. Мојата голема љубов траеше 26 години! Моите сништа, моите желби, солзите, мојата радост…беше многу, многу, многу интересен живот! Го живеев! Ракометот како прва љубов засекогаш ќе остане во моето срце. Благодарам на луѓето кои беа секогаш тука, на фановите на трибините, тренерите кои ме учеа….јас сум среќна личност. Драго ми е за се што поминав, а сега ми е драго што се пензионирам, напиша Ина.