Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Колевски погоди за Македонија против Бугарија, стартери беа и Бериша, Наумчески и Антовски
Колевски погоди за Македонија против Бугарија, стартери беа и Бериша, Наумчески и Антовски

Колевски погоди за Македонија против Бугарија, стартери беа и Бериша, Наумчески и Антовски

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години успеа да го добие првиот контролен дуел против Бугарија. На тренинг центарот “Петар Милошевски“, нашите млади надежи дојдоа до лесен и убедлив триумф со резултат 3:0. Првиот гол беше дело на играчот на Вардар, се работи за Бојан Колевски, додека третиот го постигна Марко Ѓорѓиевски, кој е поранешен играч на црвено-црните.

Покрај Колевски, во стартниот состав се најдоа уште и Филип Антовски, Стефан Наумчески и Јакуп Бериша. Вториот контролен дуел на овие две селекции ќе се одигра во четврток на истиот терен.