Македонската фудбалска репрезентација до 18 години успеа да го добие првиот контролен дуел против Бугарија. На тренинг центарот “Петар Милошевски“, нашите млади надежи дојдоа до лесен и убедлив триумф со резултат 3:0. Првиот гол беше дело на играчот на Вардар, се работи за Бојан Колевски, додека третиот го постигна Марко Ѓорѓиевски, кој е поранешен играч на црвено-црните.
Покрај Колевски, во стартниот состав се најдоа уште и Филип Антовски, Стефан Наумчески и Јакуп Бериша. Вториот контролен дуел на овие две селекции ќе се одигра во четврток на истиот терен.