Навивачите на “црвено – црните” можат мирно да спијат бидејќи со сигурност ракометниот и Европски првак Вардар во идната сезона ќе биде конкурентен исто како и минатите години.
Имено, низата шпекулации дека од Вардар си заминуваат капитенот Стоилов и Црногорецот Вуко Борозан се невистини. И двајцата ракометари со 100% сигурност остануваа дел и ќе ги бранат “црвено – црните” бои и во иднина.
Освен нив двајца, во Вардар идната сезона со сигурност остануваат и играчите како: Дибиров, Милиќ, Чупиќ, Кристопанс, Шишкарев, Мораеш, Карачиќ.., а на нив ќе им се приклучат и веќе потпишаните нови играчи Сергеј Горбок и Дмитри Кисељев.