Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Никола Павлески: Очекувам да дадеме се од себе и да докажеме дека заслужуваме да ја освоиме двојната круна
Никола Павлески: Очекувам да дадеме се од себе и да докажеме дека заслужуваме да ја освоиме двојната круна

Никола Павлески: Очекувам да дадеме се од себе и да докажеме дека заслужуваме да ја освоиме двојната круна

Вардаровата генерација родени “2004“ година утре на стадинот “Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 10:00 часот ќе го одигра големото финале во купот на Македонија против екипата на Шкендија. Со оглед дека веќе ја обезбедивме титулата во првенството, ова ќе биде голема шанса за избраниците на Игор Кралевски да ги обединат двата трофеи и на успешен начин да ја завршат дебитанската сезона во лигата и купот. Оваа сезона веќе одигравме два натпревари со екипата од Тетово и двата завршија во корист на Вардар. Првиот меч го добивме минимално со резултат 1:0, додека на вториот бевме далеку поубедливи, славејќи со резултат 9:1. Никола Павлески кој е дел од оваа генерација на Вардар и репрезентативец на Македонија, смета дека неговиот тим е фаворит на овој дуел, но дека тоа треба да го покаже на теренот.

-Очекувам да дадеме се од себе и да докажеме дека заслужуваме да ја освоиме двојната круна. Сметам дека ние сме фаворити во финалето, но тоа мораме да го докажеме на терен. Овој меч ќе биде поразличен од двата преходни против истиов противник, кои ги одигравме во регионалната-скопска лига. Сигурен сум дека Шкендија ќе даде силен отпор и ќе се обиде да не изненади. Како екипа сме подготвени да покажеме дека сме подобри од екипата на Шкендија, но сепак ова е прво финале за нас во националниот куп и верувам дека сите ке се покажеме во право светло и ќе го освоиме трофејот во ова натпреварување, изјави Павлески за нашиот сајт.

Звонко Ивановски