Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар конечно победи, Максимов со два гола му донесе победа на својот тим
Вардар конечно победи, Максимов со два гола му донесе победа на својот тим

Вардар конечно победи, Максимов со два гола му донесе победа на својот тим

Тимот на Вардар со победа ги заокружи натпреварите на домашен терен оваа сезона во ПМФЛ. Попладнево нашите играчи славеа со резултат 3:2 (0:1) над Академија Пандев. Головите за Вардар ги постигнаа Максимов на двапати и Барсегјан.

Тимот на Академија Пандев имаше водство по првиот дел, со голот на Сашко Пандев во 45. минута гостинот замина на пауза со предност. Во вториот дел со влегувањето на Максимов работите се променија. Најпрвин во 51.минута Максимов израмни на 1:1, за потоа со голот на Барсегјан во 66 Вардар да дојде до целосен пресврт. Но, Ак. Пандев пак се врати, по една грешка на Глишиќ во 79. минута Марков стрелаше за 2:2. Во 89. минута со голот на Максим Максимов Вардар повторно дојде до предност овој пат од 3:2. Попов убаво нафрли, Хамбарџумјан со глава додаде до Максимов кој од само два-три метри биеше со глава во мрежата на противникот за водство. На крајот со овој резултат заврши денешниот дуел.

Денеска за Вардар настапија: Илиќ, Тодороски, Брдаровски, Попов, Хамбарџумјан, Серафимов, Адем, Исени, Јахја, Битанг и Барсегјан. Во игра уште влегоа Максимов, Глишиќ и Попзлатанов кој влезе на местото на Глишиќ кој беше заменет поради директната грешка кај вториот погодок на гостинот.

- В недела Вардар ќе го одигра последниот натпревар оваа сезона и тоа на Чаир кај тимот на Шкупи.