Пинерите на Академија Пандев се освојувачи на националниот куп, кај генерацијата родени 2001 година. Попладнево на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид, А.Пандев го совлада Вардар минимално со резултат 1:0. Црвено-црните има за што да жалат со оглед дека два пати ја погодија пречката и еднаш стативата од голот на А.Пандев и имаа најголем дел од играта.
Тренерот Ѓорѓиески стартуваше со следните 11-сетмина: Андов, Петејчук, Бојковски, Манасиевски, Димоски, Митревски, Илиевски, Игнатов, Туша, Хасановиќ, Ибиши.
На клупата за резерви беа: Стојковски, Радуловиќ-Величковиќ, Салиу, Цури, Речица, Андоновски и Омерагиќ.
Почетната доминација во ова финале ја имаа црвено-црните, кои се обидуваа први да го отворат резултатот. Првиот директен удар го имаше Вардар и тоа преку Божидар Митревски, кој во 13 минута од мечот биешено, но одбрани Алчевски, голманот на А.Пандев. Сепак противникот можеше многу лесно да поведе, откако нашите централни дефанзивци, Бојковски и Манасиевски не се разбраа добро, направија грешка која можеше многу скапо да нечини, сепак на наша среќа одбрани голманот, Матеј Андов. Во 19 минута ја имавме една од двете поголеми прилики во првото полувреме, од повеќе од 25 метри шутираше Марио Илиевски, но противничкиот голман одбрани со крајни напори и не дозволи негатива на својот тим. Во продолжение од мечот некако падна темпото на игра на двете страни, па повеќе се играше по средината на теренот, иако мора да напоменеме дека вардарци имаа поголем посед на топка и беа поконкретни во обидите да постигнат гол. Од корнер нафрли Игнатов, во противничкиот шеснаесетник, скокна Дамјан Бојковски, кој со глава бие покрај голот на струмичани. Црвено-црните ја пропуштија и најголемата дефинитивно шанса во првиот дел да поведат. Се играше 35 минута, кога употреблива топка доби Леонид Игнатов, кој од некаде 10 метри биеше само над голот на А.Пандев, иако имаше доволно време, но и простор да одбере каде да шутира, сепак резултатот и натаму остана непроменет. Во последните пет минути од првиот дел за одбележување се и ударите на Бојковски, кој повторно со глава после нафрлена топка, бие само во рацете на голманот и на Туша Ветон, кој шутира далеку од голот на Алчевски. По првото полувреме, резултатот е оној почетниот 0:0.
Прва измена на стартот на вториот дел кај Вардар. Надвор од игра е Хасановиќ, додека на негово место е Филип Андоновски. Каква прилика за црвено-црните во 44 минута, кога Џемал Ибиши ја погоди стативата, топката веќе го помина голманот Алчевски, но за жал не заврши во мрежата на пандевци. Вардар е многу поблиску до отварање на резултатот, но се уште мируваат мрежите на Алчевски и Андов. Уште една голема шанса за вардарци, како само немаме среќа во ова финале. Се играше 49 минута кога Вардар изведе корнер, на одбиената топка од некаде пет метри стигна Марио Илиевски кој ја погоди пречката од противничкиот гол. Има за што да жалат нашите пионери кои заслужија да поведат во финалето. Само две минути подоцна нова прилика за Вардар, во акција беа Ибиши кој асистира до Илиевски, овој од прва бие во рацете на добро поставениот Алчевски. По подолго време се закани и екипата од Струмица, но сигурен на нашиот гол е Матеј Андов. Од слободен удар се обиде и Бојан Димоски, но одбрани голманот на Пандев. Втора измена кај Вардар, од игра излегува Митревски, на негово место е Азер Омерагиќ. Екипата на А.Пандев речиси и да не ја помина својата половина во вториот дел и беа безопасни по нашиот гол. Во 69 минута обид и на Игнатов, но повторно Алчевски го спасува својот гол и по 70 минути игра резултатот е 0:0. Можевме да го решиме победникот во регуларниот дел, ако Туша биеше подобро во 77 минута оди покрај голот. Се што Вардар не искористи на овој меч, со само еден удар го реши А.Пандев и тоа во 78 минута кога погоди Тасев за предност од 1:0. До крајот Вардар се обиде, но без поголема опасност кон голот на струмичани. Судијата отсвири крај на овој дуел, А.Пандев е освојувач на купот во оваа возрасна генерација.