Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки се крунисаа со трофејот и медалите, за освоената супер лига
Вардарки се крунисаа со трофејот и медалите, за освоената супер лига

Вардарки се крунисаа со трофејот и медалите, за освоената супер лига

Екипата на ЖРК Вардар е старо-нов освојувач на супер лигата, откако попладнево им беа доделени медалите и трофејот за освоеното прво место во лигата. Денес црвено-црните го одиграа последното коло, во кое беа домаќини на екипата на Металург, која ја совладавме убедливо со резултат 49:24. Ова е шестта титула во првенството за екипата на Вардар.

Иако настапивме без своите најголеми ѕвезди, вардарки немаа проблеми да слават на овој дуел Уште по првото полувремее стигнавме до двоцифрена преднот од 23:13. Во вториот дел постигнавме повеќе голови и на крајот стигнавме до рутински триумф, кој беше 28-ми сезонава во супер лигата од исто толку одиграни натпревари. Најефикасна на овој натпревар беше Керамичиева која постигна 2 голови, додека по 11 додадоа Саздовска и Ристовска.

Претстојниов викенд за Вардар на програмата е завршниот турнир во купот, каде не би требало да имаме проблеми за да го освоиме истиот.

Вардар: Саздовска 11, Бајрамовска 2, Мицевска, Керамичиева 12, Суслина, Хмирова, Петровиќ 8, Гичевска 5, Ристовска 11.

На крајот им беа врачени медалите како и трофејот за освоеното првенство.