ФК Вардар во последното коло од сезоната 2017/2018 во првата лига гостува кај екипата на ФК Шкупи на Стадионот во скопски Чаир. Натпреварот се игра утре, недела (20.05.2018) со почеток во 16 часот и 15 минути. Веќе е познат главниот судија за овој натпревар, правдата на истиот ќе ја дели Мечкаровски Димитар.
На Мечкаровски ќе му асистираат Неделкоски Дејан (Скопје) и Петрески Гоце (Скопје). Четврти судија на овој натпревар ќе биде кичевчанецот, Лика Куштрим.