Денес кадетките на Вардар, избраничките на Драгана Пецевска-Ристова го започнаа учеството на Традиционалниот петти интернационален ракометен турнир за девојки помлади од 18 години во Никшиќ-Црна Гора. По одигрување на првите мечеви во двете групи екипите учесници излегоа на улиците на Никшиќ. Најпрвин имаше дефиле на учесниците меѓу кој и нашите девојки низ центарот на градот. Од таму сите се упатија на манифестацијата на свечено отварање на градскиот плоштад во Никшиќ. Покрај ова тие се дружеа со домаќините, во продолжение три видеа од попладневните активности.