Кадетите и младинците на ФК Вардар денес во Прилеп го одиграа 25 првенствено коло. Со само еден бод се враќаме од ова гостување, кој го освоија кадетите, додека младинците беа убедливо поразени.
Кадетите на Победа и Вардар одиграа натпревар со многу голови, вкупно шест на овој натпревар. Конечниот резултат гласеше 3:3, додека нерешено беше и на полувреме (1:1). Два гола на овој дуел за црвено-црните постигна Леонид Игнатов, додека еден беше дело на Давид Ристовски. Настапивме со играчи кои преку сезоната настапуваа за пионерските екипи на клубот.
Вардар: Тимевски, Бојковски, Мирчевски, Манасиевски, Спировски, Младеновски, Ристовски, Илиевски, Димоски, Омерагиќ, Андоновски.
Младинците пак претрпеа убедлив пораз од врсниците од Победа, домашнот тим на овој дуел славеше со резултат 4:1. Единствениот гол за Вардар го постигна Мустафа Јусуф. На полувреме прилепчани имаа водство од 2:0. Младинците денес настапија со многу поразличен состав од претходните натпревари, односно со играчи кои се генерациски помлади.
Вардар: Велковски, Петковски, Радевски, Димов, Китановски, Пешевски, Митревски, Ибиши, Благојевиќ, Хасановиќ, Јусуф.