Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар во Никшиќ попладнево ќе играат во дуелот за “бронза“
Кадетките на Вардар во Никшиќ попладнево ќе играат во дуелот за “бронза“

Кадетките на Вардар во Никшиќ попладнево ќе играат во дуелот за “бронза“

На турнирот во Никшиќ денес кадетките на Вардар беа дел од полуфиналната битка со екипата на ЖРК Будуќност од Подгорица. На овој дуел избраничките на Драгана Ристова забележаа пораз, тие попладнево ќе учестуваат во битката за “бронза“.

Првиот дел почна со изедначена игра на двете екипи кои постојано беа блиску резултатски со чести изедначувања. Се водеше голема битка, се постигнаа помал број голови за разлика од дуелите во групната фаза. Будуќност успеа да замине на одмор само со еден гол позитива. На семафорот во салата во Никшиќ стоеше 8-7 за црнагорките за време на одморот.

Вториот дел почна како и првиот со постојан резултатски егал. Како одминуваше вториот дел нашиот ривал успеаа да ја зголемува постепено предноста. Нас не стигна заморот од вчерашниот пеколен ден кога одигравме и победивме два дуела, на крајот победата отиде во нивни раце. Тие со пет гола позитива триумфираа, односно со резултат 20-15. Кај нас Гроздановска даде 4 гола, Дамјановска беше стрелец на 3, а Коларовска, Галевска, Софтовска и Ѓорѓиевска постигнаа по 2 гола.

Ние ќе играме во натпреварот за бронза од 16 часот и 30 минути, наш противник е екипата на Локомотива од Хрватска.