Денес, во “Јане Сандански“, ЖРК Вардар ја одбрани и втората домашна титула. Девојките на Дибирова и Парондо по успехот и одбраната на титулата во домашното првенство, во финалето со победата над Металург 46-24 (19-12), го подигнаа и шестиот Куп трофеј.
По крајот на натпреварот беа прогласени најдобрите на Ф4 турнирот во Купот на Република Македонија. Сите награди заминаа кај македонските репрезентативки во црвено-црниот табор. Јована Мицевска од Вардар е прогласена за најдобар голман на Ф4 турнирот. Теодора Керамичева е најдобар стрелец на Ф4 турнирот, а пак Сара Ристовска е МВП на Купот на Македонија.