Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир, кадетите на Вардар високо го поразија Бутел и со 100% ефект обезбедија Ф4
Момците на Будимир, кадетите на Вардар  високо го поразија Бутел и со 100% ефект обезбедија Ф4

Момците на Будимир, кадетите на Вардар високо го поразија Бутел и со 100% ефект обезбедија Ф4

Кадетите  на Вардар, момците на Адријана Будимир денес  играа дуел од последното 14.коло во групата-3 од кадетската лига. Тие во истото беа  домаќини на екипата на РК Бутел од Скопје, во овој натпревар дојдовме до победа со 35-20. Ние групната фаза ја завшивме со 100% ефект, односно 14/14,  ние веќе поодамна сме пласирани како лидери на завршниот Ф4.

Дуелот го почнавме фуриозно со серија 7-0, во одбраната бевме фантастични, а во нападот казнувавме постојано.  Следеше мало опуштање на нашите момци па противникот се доближи на минус четири, кога намали на 12-8. Сепак ние не сакавме да се загрози нашата разлика па повторно “додадовме“ гас и отидовме на плус осум позитива. На одмор заминавме со 18-10 на семафорот во малата сала “Јане Сандански“ во наша корист.

Вториот дел  го почнавме како и првиот со фуриозна игра, одма влеговме во серија па со 4-0 во почетните три минути се одлепивме на 22-10.  Се до крајот беше чиста формалност ние имавме голема предност која постепено ја зголемувавме од минута во минута на овој натпревар. На крајот победивме со петнаесет гола позитива, ние триумфиравме со конечни 35-20.  Савревски беше најефикасен со девет гола, а Димитриевски постигна седум погодоци.

33

СОСТАВ/СТРЕЛЦИ