Тимот на Вардар со пораз ја заврши лошата натпреварувачка сезона. Попладнево Бабунски на Чаир настапи со многу млади играчи кои едвај имаат по 18 години. Очекувано, дуелот го доби домашниот тим со резултат 4:1 (3:1). Голот за Вардар го постигна младиот Али Адем во 34. минута од мечот.
Домаќинот резултатот го отвори во 26. минута преку Јашароски. Бргу израмни нашиот тим, во 34. минута преку Адем Вардар дојде до 1:1. Но, до крајот на првиот дел со новиот гол на Јашароски и Илиоски, домаќинот на полувреме замина со резултат 3:1. Во вториот дел, за уште по убедлив резултат погоди Шабани во 75. минута. Со резултат 4:1 заврши денешниот дуел.
Вардар: Илиќ, Попов, Серафимов, Тошевски, Велковски, Битанг, Наумчевски, Тасев, Адем, Марковски и Максимов. Во игра влегоа уште и Дишлиевски, Ѓорѓиевски, Цветаноски.