Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките четврти на турнирот во Никшиќ
Кадетките четврти на турнирот во Никшиќ

Кадетките четврти на турнирот во Никшиќ

На турнирот во Никшиќ денес кадетките на Вардар беа дел од полуфиналната битка со екипата на ЖРК Будуќност од Подгорица. На овој дуел избраничките на Драгана Ристова забележаа пораз и учествуваа во битката за “бронза“. Во малото финале наш противник беше екипата на Локомотива од Хрватска. Хрватскиот тим беше подобар од нас и ние завшивме 4ти.

Екипата од Хрватска дојде до победа на овој дуел со 11 гола повеќе од нас. Уште по првиот дел тие беа на чекот пред црвено-црниот состав. На одмор однесоа позитива од шест гола, односно поведоа со 16-10 пред паузата. Во вториот период само истата ја зголемуваа од минута во минута. Крајниот резултат гласеше 27-16 за екипата на РК Локомотива од Хрватска. Кај нас Анамарија Коларовска и Софтовска имаа по четири гола, три погодоци имаше Стефанија Ѓорѓиевска, Јана Донева постигна два,  а по еднаш стрелаа: Мирјана Петковска, Ангела Костовиќ и Ивана Џатевска.