Денеска на терените на ФК Работнички последното коло во регуларниот дел го одигра и Вардар (1) од генерацијата 2009 година. Нашите млади момчиња денешниот дуел против ФК Куманово 2012 го добија со резултат 2:1 (0:1).
Вардар по првиот дел губеше со резултат 0-1. Играчите на Златко Таневски не се предадоа, па така во вториот дел со двата погодоци на Јаков Стојковски , Вардар дојде до целосен пресврт и на крајот ја однесе победата во свој раце.
Во елиминационите натпревари, Вардар (2) утре ќе се сретне со тимот на Скупи, додека пак Вардар (1) ја прескокнува оваа рунда.