Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик е најдобар голман во Лигата на шампионите!
Штербик е најдобар голман во Лигата на шампионите!

Штербик е најдобар голман во Лигата на шампионите!

ЕХФ го објави идеалниот тим за оваа сезона во ракометната Лига на шампиони. Оваа година од тимот на Вардар во идеалниот тим е само еден играч. Наградата најдобар голман и оваа сезона му припадна на Арпад Штербик. Штербик според многумина ќе биде главната алка и оваа година во играта на Вардар кон одбрана на титулата. Освен Штербик, малку изненадувачки нема други играчи од Вардар.

Во идеалниот тим на Лигата на шампионите за оваа сезона се најдоа:

  • Голман – Арпад Штербик (Вардар)
  • Лево крило – Уве Генсхајмер (ПСЖ)
  • Десно крило – Давид Балагер (Нант)
  • Лев бек – Сандер Сагосен (ПСЖ)
  • Среден бек – Никола Карабатиќ (ПСЖ)
  • Десен бек – Дика Мем (Барселона)
  • Кружен напаѓач – Бјарте Мирхол (Скјерн)
  • Дефанзивец – Лука Карабатиќ (ПСЖ)
  • Млад играч – Ромен Лагарде (Нант)
  • Тренер – Патрис Канаје (Монпелје)