ФК Вардар генерација “2010” година денеска го одиграа последното коло од регуларниот дел во Детската фудбалска лига. Играчите на Зоран Петковски вообичаено, славеја две победи над екипите на ФК Фамос и Скупи.
Најпрвин, ФК Вардар (1) одигра и го доби убедливо дуелот со тимот на ФК Фамос. Резултатот по овој натпревар беше високи 5:0 за “црвено – црните”. На овој меч расположени за голови беа напаѓачите на Вардар, Стефан Ристиќ и Далибор Марковиќ со по два постигнати гола. На нив им се придружи и Матеј Чедевски со еден постигнат погодок.
За перфектни два од два, и со ниту еден примен погодок во својата мрежа се погрижи и Вардар (2) на дуелот со тимот на Скупи. Нашите играчи исто така во една убедлива игра го поразија противникот со високи 4:0. На овој натпревар Благојче Седлоски постигна два погодоци, а по еднашка во листата на стрелците се запишаа Петар Васоски и Јован Спасевски.
-Честитки до двете екипи за победите денеска.