Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Влаќевски игра одлично на Светско првенство!
Влаќевски игра одлично на Светско првенство!

Влаќевски игра одлично на Светско првенство!

Влаќевски Бојан руши се пред себе. Во втората рунда од поединечното Светско првенство во куглање, екс играчот на Вардар го победи Матијас Дирнбергер и со тоа се пласираше во осминафиналето.

Влаќевски собори 656 дрва, за среќа едно повеќе од својот противник. Денеска во осминафиналето играчот на Медвешчак ќе се соочи со Унгарецот Кароли Козма, кој без многу проблеми го победи Милан Јоветиќ од Србија.

Доколку победи Влаќевски, во 1/4 финалето ќе игра исто така денеска.

- Инаку, на ова Светско првенство негов секундант е колегата од Медвешчак и директор на КК Вардар, Димитар Димитровски.