Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Сакаме да го освоиме трофејот и да станеме првиот тим кој ја одбранил Лигата на Шампионите
Чупиќ: Сакаме да го освоиме трофејот и да станеме првиот тим кој ја одбранил Лигата на Шампионите

Чупиќ: Сакаме да го освоиме трофејот и да станеме првиот тим кој ја одбранил Лигата на Шампионите

Вардар е пред нова и последна мисија за оваа сезона, а тоа е освојување на Лигата на Шампионите и одбрана на Европската титула. Црвено-црните веќе се наоѓаат во Келн, каде ги прават последните подготовки пред одигрување на полуфиналниот дуел против екипата на Монпелје. Десното крило на Вардар, Иван Чупиќ моѓе да влезе во историјата на Европскиот ракомет, како единствен играч на кој му успеал трета последователна година да го освои трофејот во ЛШ. Ова достигнување претходно му успеа со екипата на Киелце, и минатата сезона со Вардар, а претстојниов викенд ќе има нова можност да го освои најголемото ракометно натпреварување. Сепак Чупиќ истакна дека не го интересираат индивидуалните признанија, туку сака тимот да победи.

-Имам можност моето име да биде запишано со златни букви во ракометната историја како играч кој првпат успеал да освои трофеј во Лигата на шампионите трипати по ред. Но, не ме интересира тоа, тимот ми е секогаш приоритет и најсреќен ќе сум ако Вардар стане шампион и успее два пати во низа да го крене трофејот, нешто што не му успеало никому.

Од следната сезона, екипата на Вардар ќе има малку изменет состав, па Чупиќ истакна дека секој од нив сака да го освои повторно трофејот со Вардар.

-Овие играчи се заедно со Раул во изминатите години и заедно функционираме многу добро. Вардар има генерација што има освоено сè што може да се освои. Секој сака уште еден успех. Сакаме да го освоиме трофејот, да станеме прв тим кој ја одбранил Лигата на шампионите и да се разделиме како победници.