Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре го пречекува Металург-2
Вардар Јуниор утре го пречекува Металург-2

Вардар Јуниор утре го пречекува Металург-2

 Младата екипа на РК Вардар Јуниор по одиграното реми на гостувањето кај РК Прилеп е на добар пат да обезбеди нова суперлигашка сезона. Следен предизвик за момците на Стојан Петрушевски е дуелот во предпоследното коло од плеј-аут сегментот.

Во истиот ние сме домаќини на младиот состав од Автокоманда, екипата на РК Металург-2. Натпреварот се игра утре, сабота, 26.мај. Дуелот во салата Кале е закажан со почеток во 13-00 часот. Ние со утрешниот ривал имаме по 17 бода, три повеќе од РК Прилеп 2010 кој е на последната позиција која води во баражот. Тие бидејќи имаат дуел повеќе од двете екипи во оваа рунда од плеј-аутот се слободни.