Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Андреа Илиќ: Наградата “најдобар кадетски голман“ ми е поттик за нови успеси
Андреа Илиќ: Наградата “најдобар кадетски голман“ ми е поттик за нови успеси

Андреа Илиќ: Наградата “најдобар кадетски голман“ ми е поттик за нови успеси

Минатата недела во Куманово се одигра завршниот Ф4  ракометен турнир во кадетска женска конкуренција. Вардар Јуниор по храбрата игра во полуфиналето во кое го победија Металург обезбеди финале со домаќинот, ЖРК Куманово. Сепак Александар Царчев на располагање имаше само десет ракометарки, од кои два голмани,  и две повреднеи, и така го одигравме и финалето против екипата на Куманово. Сребрената позиција на овој турнир ја заслуживме повеќе од доволно со храбра игра на сите девојки.  Во идеалниот тим на завршниот турнир се најдоа две ракометарки од редовите на Вардар Јуниор. Се работи за Андреа Илиќ која беше прогласена за најдобар голман и Милица Николиќ, која е најдобриот лев бек. Разговараме со Илиќ, млада надеж на вардаровиот тим, оваа 17.годишна девојка потекнува од познатото голманско, фудбалско семејство Илиќ.  За почетокот ни зборува за нејзините ракометни почетоци и тоа од кога е во црвено-црниот дрес.

-Јас со ракомет се занимавам  повеќе од 7 години, поточно од мојата  10 годишна возраст. Започнав да тренирам во школата на Металург кај Силвана Миленковиќ. Потоа   во 2013  година преминав во пионерската екипа на ЖРК  Металург каде останав се до оваа година. Од тука  минав во црвено-црниот табор. 

3333

Беше тешко да се бори против поодморните екипи, кои имаа ротација. Илиќ беше неуморен работник на двата меча, особено во првиот против нејзиниот матичен клуб, ЖРК Металург, кога таа впиша 15 одбрани. Еве како го виде завршниот турнир младата голманска надеж на црвено-црните.

-Од овој завршен Ф4 турнир  јас сум секако задоволна,   минавме победнички во полуфиналето најпрвин, а  потоа игравме меч за пехар. Сепак фактот дека на Ф4 во Куманово отидовме со  само 10 играчи, од кои 2 повредени и се боревме максимално, ме прави уште позадоволна  бидејќи покажавме карактер. Задоволна сум од моите перфоманси на турнирот,  се покажав во добро светло и оваа награда е поттик за мене и понатаму да тренирам и повеќе да напредувам како голман.

33333333

Кај работи со  неа  и кој и помогна за ова признание, најдобар голман во кадетска конкуренција во Македонија таа ни открива во продолжение. Околу својте амбиции и цели во иднината таа само кратко искоменира дека времето кои престои самото ќе покаже.

-За оваа награда е најзаслужен и тренерот Александар Царчев со кого работев изминатава година и многу ми помогна во секој аспект. Со него напредував додатно и добив повеќе на квалитет. За тоа што ќе се случува и што очекувам во иднина ќе покаже времето кое е пред нас-вели Илиќ.

Михајло Тушевски