Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) генер. 2009 со пресврт до победа
Вардар (1) генер. 2009 со пресврт до победа

Вардар (1) генер. 2009 со пресврт до победа

Денеска на терените на ФК Работнички последното коло во регуларниот дел го одигра и Вардар (1) од генерацијата 2009 година. Нашите млади момчиња денешниот дуел против ФК Куманово 2012 го добија со резултат 2:1 (0:1).

Вардар по првиот дел губеше со резултат 0-1. Играчите на Златко Таневски не се предадоа, па така во вториот дел со двата погодоци на Јаков Стојковски , Вардар дојде до целосен пресврт и на крајот ја однесе победата во свој раце.

Во елиминационите натпревари, Вардар (2) утре ќе се сретне со тимот на Скупи, додека пак Вардар (1) ја прескокнува оваа рунда.