Вардарци денес го играат полуфиналето, на Ф4 турнирот во Келн. Противник ни е тимот на Монпелје, со кој ќе ги одмериме силите во обид да стигнеме до ново големо финале. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез го објави составот на играчи, на кои ќе смета за денешниот дуел, ракометари кои треба да го однесат Вардар во финалето на ЛШ.
РК Вардар: Абутовиќ, Борозан, Кањелас, Циндриќ, Чупиќ, Дибиров, Фереира, Милиќ, Кристопанс, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Штербик, Стоилов, Карачиќ, Војводиќ.
Директен пренос од мечот можете да проследите на МРТ-1.