Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Падна и Милано, ФК Вардар генер. “2004“ стигнаа до нов триумф во регионалната-скопска лига
Падна и Милано, ФК Вардар генер. “2004“ стигнаа до нов триумф во регионалната-скопска лига

Падна и Милано, ФК Вардар генер. “2004“ стигнаа до нов триумф во регионалната-скопска лига

Вардаровата генерација родени “2004“ година продолжуваат со победите во рамките на регионалната-скопска лига. Утрово на теренот на Академијата, избраниците на Кралевски беа подобри од екипата на Милано, која ја совладаа со резултат од 2:0.

Гигов, Анчевски, Јаневски, Милошевски, Љушев, Серафимов, Стоимов, Каровски, Стојановски, Павлески, Попов.

1

Вардар по првото полувреме имаше минимално водство од 1:0 и тоа со погодокот на капитенот, Георг Стојановски. Првиот директен удар кон противничкиот гол го имаше токму Георг Стојановски, кој од слободен удар бие само неколку сантиметри покрај стативата од голот на Милано. Најголемата прилика за отварање на реултатот ја имаше Никола Павлески, кој промаши зицер удар, по што резултатот остана непроменет. Сепак како што напоменавме , иницијативата нашиот состав ја претвара во гол, кога погоди Стојановски за отварање на резултатот и предност од 1:0. Истиов играч до крајот на првиот дел се закани уште на два пати кон противничкиот гол. Најпрво се обиде од слободен удар, топката аврши покрај голот и во втората прилика, кога од корнер на нафрлена топка биеше со глава покрај голот на Милано.Во првиот дел во игра влезе Бесар Гуџуфи, на местото на повредениот Горазд Попов.

3

Првиот удар во второто полувреме го имаше Георг Стојановски, кој на нафрлена топка од левата страна, со глава бие за малку над противничкиот гол. Повторно Стојановски во две прилики, во првата еден од играчите на гостинската екипа ја исфрли топката од гол линијата, во втората, му одбрани противничкиот голман. Вардар имаше иниијатива и во вториот дел, но не успеавме да постигнеме нов гол. По подолго време се закани и Милано, но Горазд Гигов ја прибра топката во своите раце.

4

Уште еден гол во мрежата на Милано, за конечен резултат од 2:0, дело на Никола Павлески. Тренерот Кралевски им даде шанса за настап на сите играчи кои денес му беа на располагање.