Влаќевски Бојан вчера, направи голем успех, тој влезе во топ-8 на СП во Романија. Во осминафиналето го совлада Унгарецот Кароли Кузма со 4-0 во сетови. Беше феноменален во соборени дрва каде имаше 680 наспроти 604. Во четвртфиналето за ривал го доби Германецот Мануел Вајс.
Сепак за жал, Влаќвски не доби шанса да се бори за медал на поединечното Светско првенство во куглање кое се одржува во романскиот град Клуж. Тој испадна во четвртфиналето од Германецот Мануел Вајс. Тој дуел заврши реми, 2-2 во сетови и тогаш да одлучуваше бројот на соборени дрва. За жал, германецот ја оствари целта, благодарение на подобриот скор во собореени дрва кој беше 659-638 за него. Овие 638 беа најлошиот резултат на Влаќевски во неговите четири настапи на шампионатот во Клуж. Влезот меѓу осумте најдобри на светот е успех, особено ако се знае дека македонските куглари неколку години апстинираа од настапи на СП.