Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Ако ние сме вистинските, тогаш никој друг не се прашува
Стоилов: Ако ние сме вистинските, тогаш никој друг не се прашува

Стоилов: Ако ние сме вистинските, тогаш никој друг не се прашува

Денес се играат полуфиналните натпревари на завршниот турнир во Келн, по што ќе ги дознаеме имињата на екипите кои ќе се борат за големиот трофеј. Вардар втора година по ред се најде на Ф4 турнирот, на кој ќе се обиде да ја одбрани Европската титула. Првата пречка кон остварување на целта е тимот на Монпелје. Капитенот на црвено-црните, Стојанче Стоилов смета дека ако Вардар е на потребното ниво, нема друг фактор од кој ќе зависи конечниот победник на овој дуел.

-Минатата година ни беше првпат тука, но сега мораме да се носиме со тежината на шампионската титула. Наше е да одиграме како што знаеме и умееме. Монпелје е квалитетен тим, штом стигнал до Ф4. Играат брз и агресивен ракомет, имаат одличен стратег. Сепак, се зависи од нас, ако ние сме вистинските, тогаш никој друг не се прашува.