Вардар утре го игра полуфиналето против екипата на Монпелје, во борба да стигне до големото финале. На овој Ф4 турнир во Келн, вардарци имаат пред себе француски предизвик и да се случи да се пласираме во финалето, со оглед дека другата полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Нант и ПСЖ. Тренерот на црвено-црните, Раул Гонзалез пред медиумите во Келн, изјави дека неговиот тим мисли само на утрешниот деул, на кој вечи дека ќе биде тешко да се совлада противникот, но дека не треба да чустуваме притисок.
-Немаме притисок и треба да уживаме како што тоа го направивме лани. Не мислам за ништо освен за полуфиналето. Монпелје е опасен противник. Нема да откривам тактиката. Треба добро се подготвуваме, бидејќи знаеме дека ќе биде тешко, а на крај ќе видиме кој ќе игра во финале. Сега за сега размислувам за Монпелје и само Монпелје,