Вардар се наоѓа во Келн, каде утре го игра полуфиналниот дуел на Ф4 турнирот против екипата на Монпелје. Веќе одржавме и тренинг, но и имаше средби на ракометарите со новинарите и медиумите кои се присутни на овој голем настан. Играчот кој минатата сезона со голот во последната секунда против тимот на Барселона му донесе финале на Вардар, тоа е Лука Циндриќ, истакна дека неговиот тим е подготвен за полуфиналето против французите, истакнувајќи дек се работи за силен противник кој знае да изненади.
-Притисок е голем, но едвај чекаме сѐ да тргне. Подготвени сме и се надевам дека можеме да стигнеме до крајот. Работевме напорно и верувам дека токму овој викенд ќе бидеме најдобри. Сите екипи кои се тука, заслужено се дел од Ф4. Психички и физички сме подготвени во сите 60 минути да се бориме во полуфиналето. Монпелје покажа дека е одличен тим. Играат брз ракомет, имаат одлична транзиција, опасни се еден на еден. Треба да бидеме спремни за секоја одбрана од 6-0, 5-1 и 4-2. Може сѐ да покажат. Одбраната е клуч на нашата игра. Одиме чекор по чекор. Фокусирани сме на Монпелје, истакна Циндриќ.