Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против Монпелје, за нова финале во ЛШ и борба за одбрана на Европската титула
Вардар против Монпелје, за нова финале во ЛШ и борба за одбрана на Европската титула

Вардар против Монпелје, за нова финале во ЛШ и борба за одбрана на Европската титула

Келн ќе биде ракометниот центар на вниманието кај сите љубители на ракометот, но и на оние на кои Вардар им е во срцето. Денес со почеток од 18:00 часот во “Ланкес арената“, Вардар и Монпелје ќе ги одмерат силите и ќе се борат за пласман во големото финале.

Пред себе имаме противник, кој сигурно важи за најголемото изненадување оваа сезоната во Лигата на Шампионите. Со самото тоа што започнаа во една од најслабите групи, а подоцна во елиминациските рунди елиминираа екипи како Барселона и Фленсбург, доволно говори дека се работи за незгоден и пред се калитетен противник. Екипата е предводена од  Патрис Канаје, кој седи на клупата на Мопелје уште од 1994 година, а според гласовите на фановите и новинарите, тој оваа сезона е најдобриот тренер во Лигата на Шампионите. Како што напоменавме, Монпеје беше дел од послабата група во која го освои првото место и на тој начин обезбеди пласман во осминафиналето. Во групата тие одиграа 12 натпревари на кои имаа 11 победи и само 1 пораз и тоа во последното коло, кога на гостински терен загубија од тимот на Мотор Запорожје, дуел кој немаше никакво резултатско значење за нив, со оглед дека претходно ја обезбедја првата позиција. Потоа следуваа елиминациските натпревари на кои Монпелје важеше за аутсајдер, мечеви на кои ја покажа својата сила и квалитет со кој располага. Најпрво во осминафиналето ја елиминираа екипата на Барселона, а потоа и Фленсбург, тимови кои важеа за фаворити и претеденти за пласман на завршниот турнир. Имаме досега одиграно два меѓусебни дуели со овој противник, и тоа во сезоната 2014/15, кога еднаш победивме и одигравме со нерешен резултат.

Што се однесува до нивниот играчки кадар, тие располагаат со потенцијални и квалитетни ракометари на сите страни. На голот го имаат Винсен Жерар, кој ја игра последната сезона во Монпелје, со оглед дека од следната сезона се сели во екипата на ПСЖ. Тука е и најискусниот, Мишел Гигу, кој целата своја игра кариера ја помина во овој тим и кој е единствениот играч од онаа шампионска генерација на Монпелје, која успеа пред 15 години да ја освои Лигата на Шампионите. Опасност ќе доаѓа и од бековски позиции, на кои настапуваат аргентинецот Диего Симонет кој е организатор на играта, како и Јонас Тручановичиус кој го заменува Матју Гребил, кој нема да биде во можност да му помогне на својот тим поради повреда. Тука се уште и Баптист Бонафонд и  Мохамед Соуси. На пикерската позиција го имаат, Лудовик Фабрегас, кој во новата сезона ќе биде дел од екипата на Барселона. На крилните позиции треба да ги видиме Валентин Порт и Вид Кавтичник, кои исто така можат да играат и како бекови. Се на се, одлично вклопен тим, кој знае да игра цврста и агресивна одбрана и да реализира брзи контра напади, по грешки на противничките тимови. Монпејле е единствен од француските екипи на овој завршен турнир, кој може да се пофали дека ја има освоено Лигата на Шампионите и единствениот тим кој во новиот формат на натпреварување, успеал од послабите групи да стигне на Ф4 турнирот во Келн. Монпелје долго време беше лидер во националното првенство, но во претпоследното коло загуби на гостинки терен од екипата на Сент Рафаел, што може да значи и губење на титулата. Тука можеби е падата мотивацијата кај Монпелје, но тоа не смее никако да не залажува, мора Вардар да одигра добро во текот на сите 60 минути и да даде маскимум.

Очекуваме нов блесок на вардарци и нова радост за навивачите. На денешниот дуел, црвено-црните ќе имаат и поддршка од своите навивачи, кои во голем број се пристигнати во Келн. Ни останува само да уживаме во денешното полуфинале и да се надеваме на нов пласман во големото финале на ЛШ.