Генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година денес го добија трофејот за освоената регионална-скопска лига, за оваа натпреварувачката сезона. Момците на Игор Кралевски одиграа перфектна сезона, во која сотанува да се одигра уште едно коло и тоа на гостувањето во Тетово, против тимот на Шкендија. Денес на теренот на Академијата, црвено-црните го одиграа претпоследното коло во регионалната-скопска лига, совладувајќи ја екипата на Милано (2:0). После завршување на дуелот од фудбалската федерација на Македонија им беше доделен трофејот за освоеното прво место во регионалната лига. Доколку победиме и во последното коло, оваа генерација ќе биде единствената во сите возрасни категории, кои ќе завршат со максимален број на освоени бодови.
Погледнете ја нашата фотогалерија од доделување на трофејот, како и поединечни фотографии со секој играч, со драгоцениот трофеј.