Денес на терените на ФФМ започнаа елимианциските натпревари во детската фудбалска лига. Вардаровата генерација родени “2005“ година со само една екипа ќе продолжи да се бори за трофејот, со оглед дека Вардар (2) не успеа да ја помине првата елиминациска пречка и беше минимално поразен од тимот на Куманово.
Вардар (2) на натпревар на кој екипата на Куманово се бранеше во текот на целиот меч, не успеа да триумфира, па сезоната во детската лига за оваа екипа заврши. Во првите пет минути од дуелот не видовме ниту еден директен удар кон двата голови. Се играше по средината на теренот и успешно беа затворени сите приоди кон двата гола. Александар Калановски од редовите на Вардар, беше играчот кој ги имаше првите обиди на овој дуел, по голот на кумановчани. И двата негови удари успешно ги одбрани голманот на Куманово, кој беше еден од најзаслужните за денешната победа. Првата голема прилика на овој дуел ја имаше противникот, кога по еден брз контра-напад, еден од играчите на Куманово изби сам со нашиот голман, но топката заврши само покрај нашиот гол.
Црвено-црните имаа поголем посед на топка, но не можеа да го пробијат“ бункерот“ на противникот, кој беше успешно тактички поставен од нивниот тренер. Конески и повторно Калановски се обидоа да го загрозат голот, но ништо посериозно. По една голема грешка на нашиот голман, Леонид Илиевски, кој ја испушти топката од своите раце, истата заврши во неговата мрежа, кога играчот на Куманово немаше проблеми да го отвори резултатот и да му донесе предност на својот тим од 0:1, резултат кој на крај се покажа и како конечен на овој меч.
Во вториот дел најпрво се закани Танески, кој бие со глава од прекин, кој имаше добра позиција, но биеше слабо. Куманово и во вториот дел успешно се бранеше и чекаше контра-напад за да го изненади нашиот гол. Ибраниците на Ане Андовски се обидуваа да го израмнат резултатот, постојано напаѓаа, но никако не можеа да ја сместат топката во противничката мрежа. Калановски шутираше во рацете на голманот, додека Радевски имаше прилика, но одбрани голманот. Големи прилики за израмнување на резултатот имаа Танески кога со глава ја погоди стативата од голот на Куманово и Горјан Цветков, кој од непосредна близина бие само високо над голот. И покрај сите наши обиди, резултатот остана непроменет до крајот и заврши со триумф на Куманово.
Затоа Вардар (1) го продолжува патот кон одбрана на шампионската титула во оваа генерација. Тие утрово ја победија пак екипата на Шкупи, со реззултат од 3:0. Победата можеше да биде многу поубедлива, доколку искористивме барем уште некоја шанса. По првиот дел имавме минимална предност, кога резултатот успеа да го отвори Никола Величковски. Во вториот дел исто така доминиравме на теренот и успеавме да уште две шанси да ги претвориме во гол. Најпрво на 2:0 зголеми Матеј Гаштаров, за конечниот резултат од 3:0 да го постави со својот прв гол денес и Филип Јовановски.
Утре со почеток од 09:00 часот, екипата на Вардар (1) игра натпревар против екипата на Работнички, која е последната пречка за вардарци, кон пласман на завршниот турнир во детската лига.